Дома | Balkan | Македонија | Грција да размисли околу ветото

Грција да размисли околу ветото

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image Папандреу - Груевски

Останаа битните разлики што двете земји ги имаат во спорот за името. Нема напредок по денешната премиерска средба Груевски - Папандреу.

За новинарите македонскиот премиер по разговорите со Папандреу рекол дека од грчкиот колега ги слушнал максималистичките позиции на грчката страна, кои неодамна во Њујорк ги соопшти преговарачот Василакис.

Никола Груевски по средбата изјави дека методот на уцени и блокади не е добар метод за граѓани на добрососедски односи и побарал од Грција уште еднаш да размисли околу евентуалната употреба на вето и блокадата на стартот на македонските пристапни преговори за членство во ЕУ.

„Во однос на позицијата поврзана со нашето уставно име, морам да ви кажам дека практично денес ми беше соопштено дека грчката страна останува на позициите коишто ги презентираше нивниот преговарач во Њујорк, како поврзано со името, така и со идентитетот, и во тој поглед не можам да кажам дека имаме некаков прогрес“, изјави премиерот Груевски по средбата.

„Но, ќе продолжиме со разговори, ќе продолжиме со дијалог, а преговарачите ќе продолжат и со нивниот дел, односно разговорите што ги имаат во Њујорк. Мислам дека што почесто се среќаваме и што почесто имаме средби, ќе биде подобро и така се поголеми шансите да се дојде до решение“, вели Никола Груевски.

„Она што исто така го побарав од г. Папандреу е уште еднаш да размислат за она што треба да се случи во декември, односно за неставање на блокада на РМ и добивање на датум за почеток на преговорите. Укажав дека искуствата од минатото, особено од Букурешт, покажуваат дека тоа не е начинот да се принуди некој да направи нешто што не може да го направи“, објаснува Груевски.

„Напротив, букурешкото искуство, блокадата што беше ставена тогаш дополнително ги влоши односите, дополнително не оддалечи, и како што гледате, во оваа 1,5 година имавме пооддалечени позиции отколку што имавме во Букурешт. Доколку некој смета дека со блокада, веднаш, уште наредниот месец ќе го реши проблемот, тоа се покажа како неточно и ја влошува атмосферата, а се надевам дека и Грција тоа не го сака“, нагласи Груевски.

Очекувањата пред оваа средба беа големи, не само во македонската јавност, туку и меѓу евродипломатите во Брисел. Се очекуваше двајцата премиери да направат доволно голем исчекор во преговарачкиот процес и практично да ја отворат вратата за старт на македонските преговори за членство во Унијата, веќе на самитот на 7 декември.

Сега останува да се види како Европската комисија, односно Советот на министри на ЕУ, ќе го формулира заклучокот за Македонија. Има повеќе варијанти од тоа, практично и прашањето за Македонија воопшто да не се најде на агендата на состанокот, или пак, шефовите на дипломатиите на ЕУ да остават некаков простор во наредните неколку месеци, до наредниот самит во март.

Скептицизмот кој беше присутен кај македонската делегација и пред заминувањето, кој го искажа премиерот Груевски, велејќи дека не треба многу да се очекува од денешната средба, денес беше повторен и од страна на грчкиот премиер.

Папандреу имаше одвоена изјава за грчките новинари, во која бил дециден, велејќи дека спор што трае 18 години не може да се очекува да биде решен за 10-тина дена. Временската рамка која Папандреу ја оставил како можна за решавање на овој спор е од неколку месеци до една година.

Очигледно дека не помогна ни синоќешната полутајна посета на Карл Билд, шефот на шведската дипломатија, кој сега е претседавач со Советот на министри и кој во Скопје дојде и да ја слушне македонската позиција, но се чини и да изврши и дополнителен притисок врз Владата на Груевски, притисок кој истовремено се врши и врз властите на Атина, да се најде решение за спорот, или барем да се отвори патот со некаков договор кој би значел дека двете земји ќе се договорат за начинот и терминот во кој овој спор ќе биде решен.

Големите очекувања пред средбата очигледно се покажаа дека биле нереални поради тврдите позиции на двете страни. Дали тоа е преговарачка тактика, тешко е да се каже. Двајцата премиери денеска рекоа дека тие не се преговарачи, туку дека тој процес ќе се одвива и понатаму под патронат на ОН и со посредство на Метју Нимиц.

www.a1.com.mk

 

Visited : 196 times

Стави на: Bookmark and Share

Subscribe to comments feed Коментари (0 напишано):

Пиши коментар comment

Молам внеси го кодот од сликата:

  • email е-маилувај на пријател
  • print Верзија за принтање
Ознаки
Нема ознаки за овој артикл
Оцени го артиклов
0
Currently active users: 18
Guests: 14
Users: 4
Users that are online: sosomkd, mariola5200, mariovec, dacho
Best Phone Rates

Powered by 220 V

View Statistics