Дома | Balkan | Македонија | Уште едно Фашистичко писмо од Груевски

Уште едно Фашистичко писмо од Груевски

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image Фашизмот на Груевски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ повторно им напишал писмо на сопартијците, прогнозирајќи за Црвенковски - „Готов е!“

„Изборите на 5 јуни ќе означат крај на ерата на транзиција и приватизација, на општествен грабеж, на зголемување на невработеноста и сиромаштијата, на неразјаснети атентати и убиства. На 5 јуни ќе заврши, еднаш и засекогаш, ерата на Бранко Црвенковски“.

Со вакви квалификации и предвидувања настапил премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во писмо што деновиве било доставувано на адресите на неговите сопартијци што ги повикува на мобилизација. Спроти почетокот на изборната кампања, тој го повикува членството на владејачката партија да придонесе „тој пораз на Црвенковски да биде колку што е можно поголем, а победата на Македонија против него поубедлива“.

Иако, со оглед на тоа што социјалдемократите се' уште не ги откриле своите изборни адути, засега е неизвесно дали лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат директно соочување како носители на листи во иста изборна единица или како кандидати за иден премиер, Груевски веќе прогнозира заминување на Црвенковски од политичката сцена и реформирање на СДСМ: „Готов е! Црвенковски ќе замине, обидувајќи се тоа што помалку да личи на негов пораз. Затскривајќи се зад некој пион, за него безвреден и лесно потрошлив. По неговиот пораз СДСМ ќе се реформира, на ист начин како што ние го направивме тоа“.

За експертите, писмата како механизам на политичка комуникација се легитимни и не се спорни, но спорна може да биде нивната содржина, ако доминира говорот на омраза. „Воопшто не е проблематично Груевски да комуницира со членството преку писма.

Дури и добро е да го прави тоа. Но, проблематично е кога се повикува ’да го убиеме противникот‘. Би бил посреќен кога со тоа писмо би се мобилизирало членството за решавање на спорот за името наместо да се шири говор на омраза“, вели Петар Арсовски, експерт за политички комуникации.

Со цел да ја провериме веродостојноста на оваа информација, вчера се обративме до Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, но не добивме одговор до затворањето на овој број на весникот.

Во писмото до кое дојде „Утрински весник“, Груевски забележува и дека реформата ќе била болна и тешка за опозициската партија, но оти ВМРО-ДПМНЕ е доказ дека тоа е остварливо. „Верувам дека за релативно кусо време ќе имаме опозиција со нови и свежи идеи, со вистински европски вредности и жесток бранител на македонските национални интереси“.

И покрај тоа што ВМРО-ДПМНЕ е на власт речиси десет години, а само Груевски е премиер во последните пет години, тој му ги припишува на Црвенковски сите промашувања во изминатите две децении независност и апелира до вмровското членство организирано да му се спротивстави на опозицискиот лидер: „Познати сме по добрата организација и високата мотивираност, по слогата и цврстината, по својата љубов кон татковината. Во овој момент Македонија не' повикува да ги тргнеме настрана тесноградите и лични работи и, конечно, да и' помогнеме да се ослободи од тешкиот товар што ја притиска повеќе од 20 години“.

Груевски и вчера, откако ја исече црвената лента на реконструираниот булевар „Србија“ во Скопје, не пропушти можност да го обвини Црвенковски за сите грешки во изминатите 20 години. Тој и во оваа пригода оцени дека неговиот ривал од „Бихаќска“ бара начин како да се извлече од изборен пораз. „Едноставно, сега му дојде фактурата и од она што го слушам и што се шпекулира е дека тој бара начин како да се извлече да не ја заврши кариерата со пораз. И, ако може, на некој друг да му го препише тоа. Ова е еден тажен крај на една од најголемите фигури во македонската транзиција“, изјави премиерот. Од СДСМ одговорија дека Груевски, по којзнае кој пат, наместо јавно да соопшти кои се неговите намери за иднината на Македонија, покажува дека единствено е оптоварен со Црвенковски. „За неговата фрустрација и комплекс очигледно нема помош“, се вели во реакцијата од СДСМ.

На Груевски не му е прв пат со писма да го мобилизира членството на ВМРО-ДПМНЕ. Најголем одек во јавноста имаше писмото од ноември 2009 година, во кое премиерот повикуваше на финална битка со остатоците од транзицијата и нејзините политичари зашто досега тие биле поразувани на избори, но не исчезнале... Груевски во интервјуто за Си-Ен-Ен тогаш изјави дека тоа писмо е дел од неговата редовна комуникација со членството на кое, обично, писмено му се обраќал еднаш годишно. Опозициските партии, пак, ја оценија содржината на тоа писмо како говор на омраза и обид за внесување раздор кај македонскиот народ. (А.М.М.)


Текстот е превземен од Утрински весник.

 

Фашизмот е радикална, националистичка авторитарна политичка идеологија.Фашистите се залагаат за создавање на тоталитарни еднопартиски држави која има за цел масовна мобилизација на нацијата и создавање на идеален "нов човек" кој ќе формира владејачка елита преку индоктринација, физичко образование и семејната политика, вклучувајќи евгенетика. Фашистите веруваат дека еден народ бара силно лидерство, единствен колективен идентитет и волја и способност за извршување насилство и војна со цел да се задржи нацијата силна. Фашистичките влади се за забрани и сузбивање на опозицијата во државата.

Ова писмо на Груевски ги има сите одлики на дефиницијата за Фашизам. Со своето големо фашистичко его и повиците - Груевски Über Alles - Над Сите и повиккување на уништување на тие кои што не мислат исто како него, ќе остане запаметен како посебна дефиниција во историјата која го уназади и уништи македонецот и македонската држава во сите можни аспекти. Внимавајте за кого ке го дадете својот глас !

Visited : 867 times

Стави на: Bookmark and Share

Subscribe to comments feed Коментари (0 напишано):

Пиши коментар comment

Молам внеси го кодот од сликата:

  • email е-маилувај на пријател
  • print Верзија за принтање
Ознаки
Нема ознаки за овој артикл
Оцени го артиклов
0
Currently active users: 7
Guests: 7
Users: 0

Powered by 220 V

View Statistics