Балканско враќање на САД
Бајден не ја вклучи Македонија во неговата балканска турнеја, но овдешните аналитичари велат дека неговото присуство во соседните држави е знак дека Соединетите Држави сакаат да ја преземат улогата на меѓународен поттикнувач на развојот на земјите.
„Тоа нешто што потешко и успева на Европската Унија“, велат тие. Исо Руси е новинар од Македонија кој што често подолго престојува во САД.
„Станува збор и за нешто друго, да се дозавршат работите по Дејтонскиот договор за БиХ и независноста на Косово што не се реализираше онака како што замислуваше Вашингтон. Ќе дојде некој нов балкански Холбрук со добропознатите ефикасни методи на Бајден - со аргументи на маса, принуда и притисок и ќе се истера американската политика. Епицентарот на сите овие потреси е Белград."
Дека главниот американски фокус е ставен врз однесувањето на Белград потврди и американскиот заменик амбасадор во НАТО Андросизин, кој што во интервју за БиБиСи неодамна рече дека натамошните односи Србија- НАТО, заедно со случувањата во Украина и Задкавказието, ќе ги дефинираат и идните американско-руски односи.
Ана Петрушева е една од главните уредници на „Балкан Инсајд“, електронски весник каде се обработува балканските теми. Таа се повикува на извештаите во „Балкан од внатре“ каде се известува за незадоволство на европската администрација од, како што го нарекува таа, американското враќање.
„Меѓутоа, барем според нашите извештаи, и во Брисел постојат многумина кои што веруваат дека е потребно американско вмешување за да мрднат работите од мртвата точка."
Познавачот на балканските состојби Едвард Џозев изоставувањето на Загреб и на Скопје од агендата на Бајден ја толкува како добар знак за двете држави. И за Руси, главно прашање е тријаголникот сараево Белград Приштина.
„Ако го решат тој тријаголник, околу Македонија се спорни „тегавењето" околу името и внатрешната политичка состојба. Тука македонската власт нема да има маневарски простор и ќе биде принудена да земе или остави решение кое што ќе и го спакуваат."
Магла
Руси додава дека таквата политика веќе се надзира со, како што го нарекува „расчистувањето на маглата" и дефинирањето дека спорот околу името е наведен во времената спогодба меѓу двете држави и дека се разговара само за името како замена на референцата ПЈРМ.
Петрушева пак смета дека иако САД имаат стратешко партнерство со Македонија, тоа нема да го реши прашањето со името.
„Но мислам дека ќе има позитивно влијание со едно засилено присуство, зголемен притисок врз сите актери на овој или оној начин вклучени во сите горливи проблеми."
Американската заложба за македонските вклучувања во меѓународните институции го кажа и самиот американски потпретседател.
Џо Бајде, во босанскиот парламент рече дека очекува брзо надминување на прашањето за името и брзо приклучување на Македонија во НАТО.



Пиши коментар